Share.

    7 Comments

    1. EmployerEfficient141 on

      Слика и прилика за Македонија сите туристи добредојде да им кажат.
      Полиција не може ова да го среди? Во најстрог центар? 
      Држава со најмногу полицајци по глава на жител еј!

    2. Греота децата, имам слушано дека и ги изнајмуваат да просат за други.

      И не е до полицијата, законски не е решено, сум пробал да пријавам и ми кажаа дека ќе го приберат детето и до утре пак на улица ќе биде.

    3. Son_Of_A_Lens69 on

      Глуп пост до кај шо тера, ти си излегол да видиш во други земји дали има просјаци или не? Бездомништвото е секаде, башка па Скопје 2014 не е кизнај шо за да се фалиме пред туристи…

    4. ау не, сиромашни деца принудени да просат ќе нѐ засрамат пред светската елита…

    5. Полиција само малтретира питачи, без разлика дали се возрасни или деца. Тоа што привремено ќе ги избркаат од некаде за да не ги глеедаме не е решение. Полицијата ги брани токму оние кои ја ограбуваат државата и се делумно одговорни за ова ниво на сиромаштија. Мометално се повеќе дел од проблемот отколку од решението.

      Повеќето деца питачи имаат семејства кои се сиромашни и слабо образувани, па згора на тоа и дискриминирани од работодавци на етничка и/или социоекономска основа. Затоа во нивната математика за преживување просењето им излегува како една од малкуте опции што прават смисла. За жал децата се често се експлоатирани во тој процес затоа што на сите ни е повеќе жал за дете што проси, па поголема е шансата да им дадема пари.

      Сиромаштија се решава само со развојни и редистрибутивни политики. Нема трајно решение освен масовно да се инвестира во најсиромашните заедници. Тоа треба да биде државен приоритет. Ако Кина извади 800 милиони свои луѓе од екстремна сиромаштија во последните неколку децении, верувам ние можеме да се потрудиме за нашите ~20.000 сограѓани кои живеат под тој праг.

    6. Mysterious_Contact_2 on

      I sto, ke otide policija da napravi nesto i odma e toa krsenje na romski prava, etc

    7. Срам пред туристи? Сериозно? Битни се туристите тука? Буквално во најголемите градови и железнички станици прво ќе ти се залепи просјак. Во Лондон и Парис да ти е страв телефон да извадиш од што ги грабаат, па пак има повеќе туристи од било каде. Во Брисел, буквално спроти Парламентариумот имам видено бездомник во вреќа за спиење. Иронија.

      Македонија, Скопје е прилично безбедно за разлика од други градови. Има мнооогу други работи што треба да се средат во строг центар, па после кој и како нѐ срами треба да се грижиме. Што нема да се средат. Можеби донекаде е тоа и убавината на Скопје.